Top Sport

Хрватска ќе биде „коцкeста“ во финалето, ги нема среќните црни дресови

Хрватската фудбалска репрезентација својот најголем меч во историјата, финалето на Светското првенство нема да го игра со своите „среќни“ црни дресови, туку во нивните препознатливи коцкести дресови.

ФИФА ја одреди Франција како домаќин на финалето, така што тие ќе играат во своите темносини дресови, што значи дека Хрватска ќе мора да игра со својот домашен дрес – црвено-белите коцкести дресови, со кои го отворија шампионатот со победа над Нигерија.

Оттогаш, Хрватите ги победија Аргентина, Исланд, Данска, Русија и Англија во црните дресови кои предизвикаа и мала политичка бура во Хрватска, бидејќи многумина сметаа дека се неприкладни поради поврзаноста со црните униформи на Усташите во Втората светска војна.

Фото: ЕПА

Scroll to Top