Хрватски драговољац, тимот кој порано се бореше за титулата во Хрватската прва лига, во моментов се бори за опстанок во втората лига, меѓутоа сигурно го има еден од најоригиналните дресови во Европа – со мапата на Хрватска.
Малиот клуб од загрепското предградие Сигет кој претходно се пласираше и во европските купови, сега го претстави својот впечатлив црн дрес со мапата на Хрватска. Цената е 299 куни за комплет, или нешто над 3.000 денари. Според ни дресот ги промовира патриотските и спортски вредности.
„Ценејќи ги националните вредности, нашите играчи на своите гради ќе ги имаат хрватските знаци и гордоста кон синовите кои го дадоа животот за Хрватска, додека младите фудбалери од нашата школа ќе растат добивајќи спортска едукација на позитивните вредности на патриотско заедништво“, се вели на официјалниот веб-сајт на клубот.