Поранешниот фудбалер на Хајдук Иво Валентино Томаш (26) извршил самоубиство, пренесуваат хрватските медиуми.
Томаш е роден на 28 јули 1993 година во Сплит, а фудбалската кариера ја започнал во ФК Уранија, чии член повторно станал ова лето.
Сениорската кариера ја започнал во Хајдук Сплит, а потоа бил играч на Олденбург, Једелох, Есен и Бабелсберг.
Бил член на германската репрезентација до 16 годиниа, а одиграл и еден натпревар за младата репрезентација на Хрватска.