Top Sport

Хрватскиот шампион Риека доби нови сопственици

Компанијата „Теана лимитед“ на Дамир Мишковиќ е новиот сопственик на хрватскиот актуелен шампион Риека, преземајќи ја контролата на клубот од „Социал спорт“, компанијата на италијанскиот бизнисмен Габриеле Волпи.

„Му благодариме на господинот Волпи за поддршката која ја даваа во последните пет години“, изјави Мишковиќ, кој е претседател на клубот под Руевица од 2012 година.

Компанијата на Волпи последните две години престана да инвестира во Риека, но под негово водство се „санираше“ финансиската ситуација, се изгради нов тренинг-камп на Руевица, за минатата година да стигнат до историскиот прв трофеј од националното првенство.

Scroll to Top