Младиот хрватски фудбалер Ловро Звонарек го запиша своето име во Гинисовата книга на рекорди Фудбалерот на Баерн на позајмица во Славен Белупо ја носеше капитенската лента на мечот од хрватскиот шампионат со Хајдук и со тоа стана најмладиот капитен во прволигашкиот фудбал.
На возраст од 16 години, 11 месеци и 16 дена, го собори рекордот на играчот на Брентфорд, Кристофер Ајер, кој беше капитен на норвешки Старт во 2015 година со само 16 години, 11 месеци и 20 дена.
Рекордот на Зонарекго потврдија од Гинисовата книга на рекорди.
Да потсетиме, Звонарек минатата есен отпиша договор со Баерн за обесштетување од 1,8 милиони евра, а таа сума би можела да продолжи да расте преку бонусите.
Звонарек е најмладиот стрелец во историјата на хрватскиот шампионат. Својот деби гол го постигна на 16 години и 14 дена.