Top Sport

Хуанфран: Нејмар можеби е добро момче, но на терен не се трпи

Нејмар „не може да се трпи“ на фудбалскиот терен, вели легендата на Атлетико Мадрид, Хуанфран, кој го избра Бразилецот како најиритантен противник кој го имал.

36-годишниот дефанзивец помина осум години во Атлетико, пред да потпише за Сао Пауло во 2019 година, каде што имаше шанси да игра против најдобрите на светот. Запрашан кој бил најиритантниот фудбалер, Хуанфран не се двоумеше.

„Нејмар! Ми велат дека е добро момче надвор од теренот, но на фудбалскиот терен не можеше да се трпи. Ќе те провоцираше со и без топка, но да бидам искрен и јас не бев светец“, вели Хуанфран.

29-годишниот Нејмар покрај несомнениот талент кој го покажува на теренот, секогаш имал репутација на напаѓач кој знае да исфрустрира, но и да изглуми.

Scroll to Top