Хаосот во грчкиот фудбал нема крај. Голема бура се крена откако на Олимпијакос на мечот против Волос во домашниот шампион му беше поништен гол поради наводен офсајд, и тоа по прегледување на ВАР снимка.
Мечот заврши 0-0, а Олимпијакос загуби два планирани бода, и сега солунски ПАОК е лидер на табелата.
Паднаа тешки обвинувања од Пиреја за арбитрите на мечот, а дел од навивачите на атинскиот клуб ја демолирале и куќата на еден од судиите во ВАР собата. Скршени биле прозорците, а внатре фрлани петарди.
„Судијата кој е нападнат има две деца, неговото семејство е под стрес. Потребна ни е поголема заштита или лигата ќе мора да бара други судии за големи натпревари“ – соопштија од Судиската комисија во Грција.
Се огласија и од Фудбалскиот сојуз на Грција од каде го осудија потегот на навивачите.
https://youtube.com/watch?v=iz00ne1AKQ4