Top Sport

Хулигани на Лацио со ножеви нападнале навивачи на Севилја (Видео)

Трагична увертира има натпреварот помеѓу Лацио и Севилја што треба вечерва да се одигра во рамките на шеснаесет-финалето во Лига Европа. Хулигани на Лацио, синоќа, во центарот на Рим с ножеви нападнале навивачи на Севилја.

Епилог на крвавиот инцидент се четворица повредени, а еден од навивачите на Севилја, во критична состојба, бил хоспитализиран во болницата „Санто Спирито“.

Нападот се случил околу 21.30 часот, во округот Монти во центарот на Рим.

Полицијата го истражува случајот, а новинарот на „Месаџеро“, Мишел Галвани ситуацијата ја опишал со зборовите: „Беше како на бојно поле“.

Scroll to Top