Top Sport

Хулиганите на Олимпијакос претепале девојка (Вознемирувачко видео)

Грчката јавност е шокирана, а челниците на државата повикале на остри мерки против хулиганите, откако се појави снимка на која се гледа како навивачите на Олимпијакос напаѓаат девојка која навива за ривалскиот клуб Панатинаикос.

Снимката како хулиганите напаѓаат една 23-годишна девојка е објавена пред еден месец. Хулиганите од групата „Gate 7“ брутално претепуваат девојка, а се претпоставува дека нападот се случил откако навивачи на Панатинаикос упаднале на натпреварот во ватерполо, помеѓу женските екипи на Олимпијакос и Панатинаикос.

Девојката носи кацига на главата, што веројатно ја спасило од потешки повреди. Откако снимката била објавена на социјалните мрежи, била избришана, но сега повторно се појави во јавноста.

Заменикот министер за спорт и култура во грчката влада, Јоргос Василијадис, порачал, дека ќе бара полицијата да делува против хулиганите. Тој барал тие да бидат идентификувани и уапсени.

За време на инцидентот на ватерполо натпреварот биле повредени неколку лица и била причинета поголема материјална штета.

Scroll to Top