Top Sport

Хулиганите од Берлин се судрија со полицијата (Видео)

Борусија и Херта одиграа 2:2, во Дортмунд, во дербито на деветтото коло, во Бундес лигата.

Борусија два пати водеше со головите на Санчо, а Херта се враќаше со головите на Саломон Калу. Голот за 2:2, Калу го постигна од пенал во 91.минута.

Дербито мина во сенка на инцидентите што ги предизвикаа хулиганите од Берлин. Тие во Дортмунд го славеле јубилејот 15 години од основањето на навивачката група „Хаупстанд мафиа“. Користеле пиротехника, инцидентите и судирот со полицијата започнале кога органите на редот им го одзеле транспарентот. Тогаш тие се обиделе да ја прескокнат оградата, а полицијата ја нападнале со стапови долги три метри.

Scroll to Top