Top Sport

Хумелс: Не сум видел тинејџер како Белингам

Ветеранот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс вели дека е воодушевен од лидерските квалитети на Џуд Белингам, велејќи дека тој е „најзрелиот 18-годишен фудбалер кој сум го сретнал“.

Белингам ги одби понудите од Манчестер јунајтед, за да се пресели во Борусија Дортмунд слично како Џејдон Санчо пред него, и дефанзивецот Хумелс вели дека тинејџерот ја преводи ситуацијата и во соблекувалната поради својата гласност, откако постигна 2 гола и имаше 4 асистенции во првите 8 меча за „милионерите“.

„Тој е 18-годишник каков што немам видео, најзрелиот досега. Џуд е некој кој е лидер и исто така е еден од најгласните во тимот. Фантастично момче! Мислам дека веќе 25 пати му кажав дека го сакам“, вели Хумелс.

Претходно овој месец и Џордан Хендерсон, неговиот соиграч од англиската репрезентација, го пофали Белингам.

„Џуд е фантастичен играч. Многу е млад, но и зрел на теренот. Во очите му се гледа дека е гладен да стане врвен играч“, изјави Хендерсон.

Scroll to Top