Top Sport

И Де Лихт ќе се пресели во Барселона

Барселона и Ајакс ќе постигнат договор околу трансферот на Матијас Де Лихт, ишува во денешното издание каталонскиот весник „Спорт“.

Според овој извор, челниците на клубот од „Ноу Камп“ ќе издвојат 60 милиони евра за 19-годишниот дефанзивец. Трансферот би требало да биде комплетиран до крајот на овој месец.

Де Лихт со Барселона потоа би потпишал пет годишен договор.

За Де Лихт интерес покажуваа ПСЖ и Јувентус. ПСЖ нуделе 70 милиони евра и висока плата. Истата сума како и ПСЖ ја понудиле и од Јувентус, но од Торино имале поинаков план. Во понудените 70 милиони евра да биде вклучена позајмицата на талентираниот напаѓач Моазес Кеан.

Доколку Барса го донесе Де Лихт, тоа значи дека летово на „Камп Ноу“ ќе пристигнат двајцата најталентирани играчи на Ајакс, а холандскиот клуб ќе инкасира 135 милиони евра.

Во јануари, Барселона за 75 милиони евра го купија од Ајакс Френки Де Јонг, кој во Каталонија ќе се пресели по завршувањето на сезоната.

Scroll to Top