Уште една повреда го обележа досегашниот тек од финалниот натпревар во Лигата на шампионите.
Един Џеко го напушти теренот во 57.минута. Најстариот играч на теренот, 37.годишниот напаѓач на Интер, седна на теренот и побара измена. Ромелу Лукаку влезе на теренот на местото на Џеко.
Повредата на Џеко е помал хендикеп, од оној со кој се соочи Манчестер сити, кога во 30.минута теренот го напушти Кевин Де Брујне.