Менаџерот Марко Силва го донесе првото засилување на Евертон во летниот преоден рок, носејќи го со себе Бразилецот Ришарлисон од Ватфорд.
21-годишниот Ришарлисон доаѓа во Ливерпул во еден од најголемите трансфери ова лето во Англија, со договор вреден 40 милиони фунти (кој може да дојде до 50 милиони фунти), откако потпиша петгодишен договор со „карамелите“.
Ришарлисон беше откритие на сезоната во Ватфорд под тогашниот менаџер Силва, пред Португалецот да добие отказ во јануари.
„Марко Силва ми стана како татко во Ватфорд и нормално дека сум пресреќен што можам да играм повторно под него. Се надевам дека со негова помош ќе добијам место и во бразилската репрезентација. Евертон покажаа дека веруваат во мене и ќе им вратам на теренот“, вели Ришарлисон.
Тој постигна пет гола во своите први 12 меча во Премиер лигата, но потоа од ноември не постигна ниту еден гол.
? | He’s here. ?? pic.twitter.com/hognbA2gBB
— Everton (@Everton) July 24, 2018