Top Sport

И фановите на Атлетико ќе навиваат за Ливерпул

Покрај навивачите (и фудбалерите) на Барселона, кои сигурно ќе навиваат за Ливерпул во саботното финале на ЛШ против Реал Мадрид, очигледно англискиот клуб ќе има фанови и во одредени делови на Мадрид.

И тоа не само поради Фернандо Торес. Поранешниот фудбалер на Атле, Пауло Футре, останува страсен поддржувач на „јорганџиите“ и на социјалните мрежи се пофали со новото лого на Атлетико.

„Новото лого уште предизвикува контроверзи“, напиша Футре со интересна верзија на логото на Ливерпул/Атлетико.

Scroll to Top