Top Sport

И Фернандеш му одговори на Агбонлахор: Тој не ме познава

Бруно Фернандеш одговори на критиките кои кон него ги упати поранешниот напаѓач на Астон вила, Габриел Агбонлахор, кој го нарече Португалецот „најлош тимски играч“ по 4:0 поразот на Манчестер јунајтед од Брентфорд минатиот викенд.

Агбонлахор претходно беше критикуван и од менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, кој посочи дека добил желба да му се јави по бруталните критики за лутите ривали од Јунајтед.

„Искрено, тоа не ме загрижува. Тој никогаш не играл со мене, не ме познава. Вчера зборував за тоа со мојата сопруга, која ми го посочи тоа интервју и и кажав дека нешто ме смирува. Само пред два дена, човек по име Хуан Мата, европски и светски шампион, освојувач на Лигата на шампиони ми каа: И беше еден од најдобрите луѓе кои сум ги сретнал во фудбалот, продолжи да бидеш таков искрен’. Тој ме познава. Знам дека сум здодевен бидејќи го барам тоа од мене и од другите“, вели Фернандеш.

„Не ми треба Клоп да ми кажува како да работам“

Клоп ги брани Манчестер јунајтед од „претераните“ критики

Scroll to Top