Top Sport

И Гвардиола е позитивен на коронавирусот

Манчестер сити ја откажаа прес конференцијата, на која менаџерот Пеп Гвардиола, требаше да го најави гостувањето на лидерот во Њукасл.

Тестот на коронавирусот што ми бил направен претпладнево на Гвардиола, бил „неуверлив“, поради што тој заминал во изолација. Во текот на денот ќе му биде направен уште еден тест, по што ќе биде познато дали и тој е заразен со коронавирусот.

Веројатно Гвардиола нема да го води тимот на гостувањето кај Њукалс.

Коронавирусот направи хаос во Премиер лигата. Половина од тимовите во лигата пријавија голем број на заразени поради што викендов се одложени пет натпревари.

Scroll to Top