Top Sport

И Колумбија се прости од Шекуларац

Смртта на Драгослав Шекуларац, еден од најдобрите фудбалери во историјата на поранешна Југославија и легенда на Црвена звезда беше забележана и кај странските клубови каде што играше овој фудбалер.

На Твитер од Шеки се прости Америка де Кали, колумбискиот клуб за кој Шекуларац играше во 1974 година.

„Тагуваме по смртта на српскиот фудбалер Драгослав Шекуларац. Поради својата вештина со топката, тој доби прекар ’Белиот Пеле’“, пишува клубот.

И вториот колумбиски клуб на Шекуларац, Индепендиенте Санта Фе, каде што тој играше од 1969 до 1971 година, исто така не го заборави својот поранешен фудбалер.

„Во Белград почина Драгослав Шекуларац, еден од најдобрите фудбалери во историјата“, напишаа од Санта Фе.

Почина легендарниот фудбалер Драгослав Шекуларац

Scroll to Top