Top Sport

И Кристијан Ериксен ги одбил Јунајтед

Надежите на Манчестер јунајтед дека бргу ќе го реализираат првото засилување во летниот преоден рок добија удар, откако според британските медиуми Кристијан Ериксен ја одбил можноста за слободен трансфер на „Олд Трафорд“ бидејќи сака клуб кој игра во Лигата на шампиони и би сакал да остане во Лондон.

30-годишниот Данец направи емотивен камбек на фудбалот со премиерлигашот Брентфорд, кој му даде шестмесечен договор откако минатото лето имаше срцев напад на Европското првенство, и беше ослободен од договорот со Интер, бидејќи не смееше да игра во Италија со вградениот дефибрилатор.

Се очекува Ериксен да се приклучи на својот поранешен клуб Тотенхем, каде што сега менаџер е Антонио Конте, со кого пак, работеше во шампионската сезона со Интер.

„Имам повеќе понуди и опции, но уште немам направено одлука. Би сакал да играм пак во Лигата на шампиони. Знам колку е забавно тоа натпреварување“, изјави Ериксен.

Scroll to Top