Фудбалот поминува низ тешка недела по изчезнувањето на авионот во кој беше аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала, за кој потрагата официјално заврши без да се пронајде авионот во Ла Манш за кој се верува дека е паднат.
Дури и Лионел Меси јавно побара потрагата да не заврши иако експертите порачаа дека е тешко да се верува авионот и патниците да бидат пронајдени по толку поминато време. Ѕвездата на Барселона на Инстаграм постави приказна за сонародникот Сала.
„Сè додека постои некаква можност, нишка надеж, бараме да продолжи потрагата по Емилијано. Цела моја поддршка за неговото семејство и пријателите“, стои во пораката на Меси.