И покрај тоа што се веруваше дека Софијан Амрабат е пред трансфер од Фиорентина во Манчестер јунајтед, холандскиот „АД“ тврди дека Ливерпул контактирале со италијанскиот тим за потенцијална зделка откако им пропаднаа обидите да ги донесат Моисес Каиседо и Ромео Лавија.
26-годишниот Амрабат, кој ги крена сопствените „акции“ со одличниот настап на Светското првенство во Катар минатата година, беше блиску до трансфер во јануари, кога го сакаа Барселона, но зделката не се случи. Англиските медиуми тврдеа дека тој сака да се пресели во Манчестер јунајтед, но „ѓаволите“ чекаат да продадат дел од играчите кои се вишок за да соберат средства.
Sofyan Amrabat hard op weg naar Liverpool: ‘Reds’ hebben oud-Feyenoorder bijna binnen https://t.co/yQCYRGO8hP pic.twitter.com/z33RaKcKUX
— AD.nl/sportwereld (@ADSportwereld) August 16, 2023