Top Sport

И Лука Модриќ пред откажување од репрезентацијата?

Најдобриот фудбалер на СП во Русија и капитен на хрватската репрезентација, Лука Модриќ оваа недела ќе се приклучи на Ведран Чорлука и Марио Манџукиќ во пензија од националниот дрес, најавува хрватскиот портал „Индекс“.

Модриќ следнио месец полни 33 години, а со 113 натпревари за „коцкестите“, само Дарио Срна (134) и Стипе Плетикоса (114) се пред него. Тој по освојувањето на среброто со Хрватска во Русија меѓу редови најави дека се повлекува, откако прво си раздели „проштални“ дресови со Иван Ракитиќ.

„Иднината на репрезентацијата е блескава. Треба да поминат неколку недели и да се одмориме. Подобро да се почека со големите одлуки“, изјави по финалето Модриќ.

Модриќ веќе 12 години е во хрватската репрезентација, но доколку реши да се повлече тоа ќе биде уште еден удар за селекторот Златко Далиќ, кој ќе треба да изгради нова репрезентација за новото натпреварување на УЕФА, Купот на нации.

Scroll to Top