Манчестер јунајтед се вклучиле во трката со Челси за потписот на дефанзивецот на Лестер, Бен Чилвел, тврди британскиот „Дејли мирор“.
„Сините“ се поврзувани со 23-годишниот Англичанец, но Лестер не се откажува од побарувата сума од фантастични 80 милиони фунти. Оваа сума од тимот на Роман Абрамович не сакаат да ја платат, а доколку Јунајтед се решат за таков потег, ќе донесат уште еден одбранбен играч од „лисиците“, откако лани го добија капитенот Хери Мегвајр.
Чилвел, кој има 11 настапи за англиската репрезентација, има договор до 2024 година, но веќе им кажал на своите соиграчи дека е блиску до заминување од тимот. Тој е во школата на „лисиците“ од својата 12-та година.