Top Sport

И Меси во Серија А?

Кристијано Роналдо, ова лето, за сума од 105 милиони евра од Реал се пресели во Јувентус. Јувентус го реализира овој трансфер во обид да ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Јасно е дека доаѓањето на Роналдо во Серија А, го зголеми интересот на медиумите и спонзорите, а според тренерите (актуелни и поранешни) ќе и нивото на италијанскиот фудбале е кренато на едно повисоко ниво.

Инаку, во перидот кога Јувентус ги завршуваше формалностите околу трансферот на Роналдо, во италијанските медиуми срамежливо се појави информацијата дека Интер, кога му пропадна трансферот на Лука Модриќ е заинтересиран за Лионел Меси.

Оваа повеќе шпекулација отколку информација ја прокоментирал и поранешниот аргентински репрезентативец Хавиер Педро Савиола.

„Меси е Барселона, тешко ми е да го замислам во некој друг тим, но во иднина се може да се случи. Навивачите на интер не треба да ја губат надежта. Сепак мислам дека тоа ќе биде компликувана мисија“, рекол Савиола за интернет порталот „ FcInterNews.it“.

Scroll to Top