Top Sport

И Спалети има понуда од Саудиска Арабија

Поранешниот тренер на Наполи, Лучано Спалети е последното големо име кое доби висока понуда да предводи клуб во саудиската лига, најверојатно Ал-Хилал, тврдат италијанските медиуми.

Спалети ги предводеше Наполи до првото скудето по 33 години, но реши да замине на крајот на сезоната, инсистирајќи дека ќе земе една година одмор. Но, според „Тутомеркато“, саудиската понуда може да го разубеди, бидејќи тие му нудат 20 милиони евра по сезона, слична понуда каква што неодамна одби и тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.

Спалети веќе има искуство со работа надвор од Италија, работејќи четири години со Зенит Санкт Петерсбург во Русија.

Scroll to Top