Неколку дена откако статуата на Златан Ибрахимовиќ во Малме беше „соборена“, сличен вандализам му се случи и на статуата на Алексис Санчез во неговиот роден град, Токопилја, Чиле.
31-годишниот Санчез, кој е фудбалер на Манчестер јунајтед, но е позајмен во Интер и не игра поради повреда, се смета за национален херој во Чиле, со 132 настапи за репрезентацијата, а исто така е и најдобар стрелец со 43 постигнати голови.
И покрај ова, во текот на ноќта во неговиот роден град, на неговата статуа му е скршено лицето, изгребан е бројот 7, а оштетена е и десната нога.