Top Sport

И Такинарди го нападна Роналдо: Да им се извини на навивачите!

Продолжуваат нападите на сметка на Кристијано Роналдо. Тој е означен како главен виновник за неуспехот на Јуве во ЛШ.
Италијанскиот шампион во вторникот испадна во елитното натпреварување од Порто, а Португалецот лошо реагираше при еден слободен удар за Порто во 117 минута.

Легендарниот италијански фудбалер, Алесио Такинарди, кој беше долги години во средниот ред на „Старата дама“ имаше остра изјава за „Tmw Radio“.

„Одмораше против Лацио и што направи против Порто: Киеза се појави на телевизија, а сите го чекавме Роналдо. Тој треба да им се извини на навивачите. Никогаш не очекував ваков Јувентус, посебно во првото полувреме. Ваквите испити мора да се подготвуваат на поинаков начин. Имаа прилика да го здробат Порто, а тогаш одиграа вакво прво полувреме“ рече Такинарди.

Scroll to Top