Top Sport

И таткото на Јовиќ е согласен: Ако треба да оди во затвор, ќе оди!

Милан Јовиќ, таткото на ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Јовиќ вели дека неговиот син ќе мора да прифати било каква казна, дури и затворска, откако ги прекрши правилата за самоизолација по пристигнувањето во Србија од Шпанија.

22-годишниот Јовиќ се врати во Белград за да ја посети својата девојка, која е бремена, предизвикувајќи бура на реакции во Србија поради прекршувањето на 14-дневниот карантин, по што реагираа и српската премиерка Ана Брнабиќ и претседателот Александар Вучиќ, а тој доби и кривична пријава.

„Лука имаше два теста на корона вирусот и двапати беше негативен и затоа мислеше дека може да се врати. Сега, го прават како вистински криминалец. Ако мора да оди во затвор, нека оди. Согласен сум со претседателот и со премиерката за кривичната пријава, но само ако е виновен. Ако направи нешто погрешно, тогаш ќе мора да плати“, вели Милан Јовиќ за шпанска „Марка“.

Јовиќ се правда: Виновни се тие кои не ми дадоа инструкции што да правам во изолација!

Scroll to Top