Top Sport

И тоа се случи – Зидан го пофали Бејл по „Ел класико“

Иако подолго време се зборува за конфликтот меѓу двајцата, Зинедин Зидан го испофали Герет Бејл за неговиот меч против Барселона, откако Велшанецот доби стартно место покрај Карим Бензема.

Двајцата не успеаја да постигнат гол, но впечатокот беше дека Реал беше поконкретен во нападот.

„Сите играа добро, посебно Бејл, кој иако немаше многу мечеви имаше одличен натпревар. Тони Крос и Феде Валверде, Рафаел Варан, Серхио Рамос.. Сите беа добри. На овој стадион мислам дека заслуживме повеќе. Резултатот не е доволно добар за мене, бидејќи можевме да направиме нешто повеќе. Но, беше добро Класико, добар меч“, вели Зидан.

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде пак, призна дека не успеале да најдат решение за пресингот на Реал во ремито и исто така ги критикуваше фудбалерите што се обидувале индивидуално да го решат мечот.

„Беше тесно со одредени фази за двата тима. Тие не стегнаа добро и беа опасни пред голот и страдавме. Класико е класико, го очекувавме тоа, но индивидуално не можевме да го решиме. Серхио Бускетс не можеше да игра и ни недостасуваше“, вели Валверде.

Поништен гол, недосудени пенали, но „Ел класико“ без голови – „ѕидот“ на Мадрид поуспешен (видео)

Scroll to Top