Top Sport

И во Премиер лигата ќе има по пет замени по натпревар

Премиер лигата ќе дозволи пет замени по натпревар при враќањето на фудбалот на 17 јуни, следејќи го примерот на Бундеслигата, и во исто време го зголемија составот за мечевите од 18 на 20.

Оваа мерка се презема бидејќи по тримесечна пауза поради корона вирусот, се стравува дека фудбалерите ќе се поподложни на повреди.

Повеќето премиерлигашки клубови имаат по 9 натпревари до крајот на сезоната, додека Манчестер сити, Арсенал, Астон вила и Шефилд јунајтед имаат по 10.

„Акционерите во Премиер лигата се согласија за привремени промени на правилата околу замените. До крајот на сезоната 2019/20 бројот на замени ќе се зголеми од три на пет, по препорака на ИФАБ“, се вели во соопштението.

Scroll to Top