Top Sport

„И за 300 години ќе се зборува за Роналдо“

Поранешниот репрезентативец на Португалја Руи Кошта верува дека неговиот сонародник Кристијано Роналдо уште многу години ќе игра на врвно ниво. 35 годишниот напаѓач и понатаму е најголемата ѕвезда во португалската репрезентацијата и во екипата на Јувентус.

„За 300 години и понатаму ќе се зборува за Кристијано Роналдо. Тој е единствен. Го задржа високото ниво во различни екипи, но и во репрезентацијата“, рекол Риу Кошта и продолжи.

Роналдо во 2018 година се пресели од Реал во Јувентус, претходно играше во Манчестер Јунајтед и Спортинг Лисабон.

Scroll to Top