Top Sport

И за 500 милиони евра Гвардиола не би го продал Фоден

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, порачал дека никогаш не би го продал Фил Фоден. Изјавата на Гвардиола е интересна бидејќи оваа сезона Фоден играл само десет минути, а англиската јавност го критикува поради тоа.

Фоден е голема надеж на англискиот фудбал. Тој во Сити е од својата деветта година, а за сениорскиот тим дебитирал како 17 годишник во 2017 година.

„Не беше случајно што му понудивме договор. Тој е единствениот фудбалер што никогаш нема да го продадеме, не постои понуда на која би се согласиле. Не би го продале ниту за 500 милиони евра“, рекол Гвардиола.

„Фил нема да оди никаде. Фил е Сити. Нема да носиме нови играчи на неговата позиција, тој ќе биде нашиот волшебник кога ќе замине Давид Силва“, заклучил тренерот на англискиот шампион.

Scroll to Top