Еден од најдобрите фудбалери во историјата на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Ведад Ибишевиќ (33) потврди дека ја завршил репрезентативната кариера.
Ибиѓевиќ за БиХ одиграл 82 натпревари и постигнал 28 гола, а засекогаш ќе се паметат неговите два гола во Литванија со кои репрезентацијата избори истриски пласман на СВетското првенство во 2014 година. Исто така запишан е во историјата како стрелец на првиот гол за БиХ на Мундијалот во Бразил. На дебито на БиХ против Аргентина тој го постигна единствениот гол во поразот 2.1.
Дебитирал за националниот тим на 24 март 2007 година во сензационалната победа во Норвешка (2:10 во квалификациите за ЕУРО 2008. Последниот настап го имаше на 10 октомври во победата над Естонија (2:1), во последното квалификациско коло за пласман на Мундијалот во Русија.
Изминатата недела името на Ведад Ибишевиќ се поврзува со трансфер во минхенски Баерн, кој бараа напаѓач кој ќе може да го менува Роберт Левандовски.
Името на Ведад ќе остане забележано и лудилото по неговиот гол против Литванија за пласман на Мундијалот во Бразил, и по славниот коментар на Мустафа Мијајловиќ.