Top Sport

„Ибра ако го бараш ‘стариот’ Милан дојдо во Монца“

Поранешниот директор од славните денови на Милан Адријано Галијани му упатил понуда на Златан Ибрахимовиќ да се пресели во Монца. Ибрахимовиќ пред неколку дена изјави дека ќе го напушти „Сан Сиро“ бидејќи според него „ова повеќе не е големиот Милан“, а тој сакал да се бори за трофеи.

„Галијани ми се јави, ми порача дека доколку „стариот Милан“ сега е 11 километри од Милано“, рекол Ибрахимовиќ.

„Ми се допаѓа тој, спортски директор е и тоа така треба да биде. Се сеќавам на периодот кога не донесе во Милан. Дојде кај мене во Шведска и ми кажа дека не се враќа во Милано доколку и јас не тргнам со него. Мојата сопруга мислеше дека е луд“.

На новинарско прашање дали во Милан има потенцијален негв наследник, Ибрахимовиќ одговорил во свој стил.

„За доброто на фудбалот треба да се појави некој кој ќе ме замени. Сепак не видов некој таков. Ибрахимовиќ е најкомплетниот напаѓач, висок е 196 сантиметри, силен е како Мајк Тајсон, танцува како Мухамед Али и брз е како Брус Ли. Таков во моментов нема.“

Scroll to Top