Top Sport

Ибра ги „пали“ навивачите – истиот Златан, друг „ѓавол“

Како што се очекуваше, Златан Ибрахимовиќ по седум години се враќа на „Сан Сиро“ со договор со Милан, тим кој е во уште една криза по минатонеделниот 5:0 пораз од Аталанта во ломбардиското дерби.

Златан не би бил Златан ако своето враќање во стартото јато не го прокоментира на свој начин, објавувајќи „фотографија“ во која се турка со раката со ѓавол со коментар: „Истиот Златан, друг ѓавол. АЦ Милан, пристигнување“. Секако, ова е игра на зборови со прекарот на фудбалскиот клуб Милан, на италијански „Диаволо“ (ѓавол).

Ибрахимовиќ ќе пристигне во Милано на 2 јануари 2020 година на медицински тестови, по што ќе го има првиот тренинг, а потоа следува и првата прес-конференција, која секако ќе биде многу интересна.

Милан е само 11. на табелата во Серија А со 21 поен, дури 14 помалку од четвртото место (кое води во Лигата на шампионите).

Scroll to Top