Top Sport

Ибра му го расипал трансферот, Деспотовиќ ќе ги тужи Галакси?

Српскиот фудбалер Ѓорѓе Деспотовиќ најави дека ќе го тужи МЛС тимот на Лос Анџелес галакси, бидејќи во последен момент се откажал од предвидениот трансфер и наместо него во клубот го донел Златан Ибрахимовиќ.

26-годишниот Деспотовиќ, кој настапува за казахстанскиот клуб Астана, вели дека сè било договорено и дека тој само ја чекал визата за влез во САД, и дека е подготвен да оди на суд.

„Ибра ме ‘зезна’. Имав договорено за трансфер во Галакси, имав и договор и тие ми кажаа дека сум нивни играч. Додека чекав американска виза, Ибрахимовиќ го прекина договорот со Манчестер јунајтед и ситуацијата се смени. Тие го избраа него и го искористија тоа што немаа потпишано со Астана. Во моментов ги разгледувам опциите со моите адвокати да дознам дали има можност да ги тужам“, вели Деспотовиќ за српскиот портал „Мондо“.

Напаѓачот во својата кариера играше и за тимовите на Тобол, Каират, Црвена звезда и Спартак од Суботица.

Scroll to Top