Top Sport

Ибра не се шегува – се врати со гол, сега е стрелец 23 години едноподруго!

Златан Ибрахимовиќ беше стартер за Милан по подолга пауза на гостувањето кај Каљари и веднаш ја покажа вредноста на „росонерите“ откако уште во седмата минута изнуди пенал и сигурно го реализираше.

Ибрахимовиќ имаше мускулна повреда на ногата и немаше играно од ноември за лидерите во Серија А. Ова е негов прв гол во 2021 година и сега има неверојатен скор од 23 години во кои барем по еднаш ја тресе мрежата на противниците.

Scroll to Top