Top Sport

Ибра одбројува: Тик, ток, тик, ток…

Златан Ибрахимовиќ најави враќање на фудбалските терени во најдобар можен момент, пред дербито на Милан против Јувентус во среда, објавувајќи видео од својот тренинг со најава за одбројување: „Тик, ток, тик, ток“.

Ибрахимовиќ не играше во декември откако се повреди на мечот со Наполи, а би бил многу потребен на тимот на Стефано Пиоли во дербито по кое многу работи можат да бидат појасни во трката за скудетото, односно дали „росонерите“ се дораснати на предизвикот.

Проблеми со составот пред гостувањето на „Сан Сиро“ има и Андреа Пирло, откако клубот потврди дека Алекс Сандро е позитивен на КОВИД-19, а неизвесен е и Алваро Мората. Милан сигурно ќе биде без суспендираниот Сандро Тонали, а отсуствува и Исмаел Бенасер.

Scroll to Top