Малку е да се каже дека Златан Ибрахимовиќ има големо его. Но, понекогаш и тој самиот се надминува себеси, како денеска на Твитер.
Официјалниот Твитер профил на ѕвездата на Лос Анџелес галакси оди со паролата: „Лавовите не се споредуваат себеси со луѓето“. Сега, тој реши да се цитира самиот себеси.
„Јас сум најдобриот фудбалер во историјата на Шведска. Јас сум арогантен? Не е важно, јас сум најдобриот“, е првата изјава на Златан, под која тој коментира: „Ме учеа секогаш да ја кажувам вистината и никогаш да не лажам.
I was taught never to lie and always tell the truth pic.twitter.com/p8aCacYzuk
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) September 20, 2018
Малку ви е? Еве уште неколку легендарни изјави на единствениот:
– Не можам да правам друго освен да се смеам на тоа колку сум совршен.
– Шведски стил? Не. Југословенски стил? Секако, не. Тоа е Златан-стил.
– Тоа што Џон Карју може да го направи со фудбалот, јас го правам со портокал.
– Кога ќе ме купите мене, купувате Ферари. Ако возите Ферари, ставате скапо гориво и возите на автопат. Пеп Гвардиола ме наполни со дизел и реши да оди по селски патеки. Требаше да си купи Фиат.
– Вистина е дека не знам многу за фудбалерите во Франција, но тие сигурно знаат кој сум јас.
– Данците мислеа дека ќе ме пратат во пензија. Наместо тоа, јас ја пратив цела земја во пензија.
– Повреден Златан е сериозна работа за било кој тим.
– Тогаш Гвардиола почна да филозофира. Не го слушав. Што да слушам? Тоа беа напреднати срања за крв, пот и солзи, такви глупости.
– Жозе Мурињо е спротивност на Гвардиола. Ако Мурињо ја осветлува собата, Гвардиола ги спушта завесите.