Top Sport

Ибра се врати во Милано: Сакав да си дојдам дома

Златан Ибрахимовиќ вчера вечерта се врати во Италија, каде што ќе треба да го потпише новиот договор со Милан и да остане уште една сезона на „Сан Сиро“. 38-годишниот ветеран, според италијанските медиуми, се согласи за едногодишен договор вреден 7 милиони евра.

„Сакав да се вратам дома. Сега можеме да почнеме да работиме за уште подобри резултати.  Како што секогаш кажував, не сум тука да бидам маскота, туку да донесам резултати и да ги вратам Милан каде што заслужуваат. Имавме одлични шест месеци, но уште не сме освоиле ништо. Сега имаме шанса да почнеме од почеток и да се жртвуваме за нашите цели. Се чувствувам во добра форма и сакам наскоро да ги видиме фановите на трибините, бидејќи на нашиот тим тие им се потребни. Форца Милан, секогаш“, вели Ибрахимовиќ.

Scroll to Top