Top Sport

Ибра веќе бара куќа во Лос Анџелес?

Златан Ибрахимовиќ полека се подготвува за животот по Манчестер јунајтед, откако „ЕСПН“ откри дека Швеѓанецот веќе „бира“ куќа во Лос Анџелес.

Напаѓачот беше поврзуван со трансфер во Лос Анџелес галакси по крајот на договорот на крајот на сезоната, иако менаџерот на Јунајтед изјави дека тој уште не му соопштил дека сака да замине. „ЕСПН“ тврди дека Златан, заедно со долгогодишната партнерка Хелена Сегер веќе разгледува куќи во Беверли Хилс и Бел Ер.

Ибрахимовиќ дојде во Јунајтед од ПСЖ во 2016 година, и имаше одлична сезона пред да се повреди во април 2017 година. Англискиот тим реши да му понуди уште едногодишен договор и тој се врати на терените во ноември, но нема играно од декември по обновување на повредата.

Преодниот рок во САД се отвори на 7 февруари и завршува на 1 мај, додека вториот преоден рок трае од 10 јули до 8 август. Новата МЛС сезона стартува на 3 март.

Scroll to Top