Top Sport

Ибра за навивачите на Јунајтед: Не сакам да лижам задници, но тие се најдобрите

Златан Ибрахимовиќ помина две години на „Олд Трафорд“ пред да замине на следната авантура, американскиот Лос Анџелес галакси, но признава дека секогаш со радост ќе се сеќава на клубот.

Швеѓанецот вели дека за само три месеци „хејтерите“ ги претвори во „фанови“ и докажа дека е доволно добар за Манчестер јунајтед. Швеѓанецот помогна Јунајтед да ја освои титулата од Лига купот во 2017 и беше клучен дел од настапите во Лига Европа каде што тимот стана шампион пред да се повреди во четврт-финалето против Андерлехт. На крајот, тој имаше 53 настапи и 29 гола за „ѓаволите“.

„Работев напорно, се обидов да го направам тоа што е потребно и да се адаптирам на филозофијата на клубот. Сакам да работам, да имам упатство, но и да ги направам работите на мојот начин. Предизвикот беше на тие години да покажам дека сум доволно добар. По три месеци, сите ги изедоа своите зборови. Ми беа потребни нови хејтери бидејќи старите станаа мои фанови. Не сакам да лижам задници, но тие навивачи се неверојатни. Се сеќавам на првиот меч од Премиер лигата против Бурнемаут, кога постигнав гол, тие го пееја моето име 45 минути! Фантастично. Тоа е нешто најдобро што фудбалер може да добие – реакција од трибините. Секој натпревар стадионот беше полн, тие беа зад нас“, вели Ибрахимовиќ.

Scroll to Top