Златан Ибрахимовиќ многу веројатно ја заврши својата кариера во МЛС-лигата. Тимот на Ибрахимовиќ, Лос Анџелес Галакси, испадна во конференциското полу-финале од градските ривали Лос Анџелес ФЦ (5:3).
Швеѓанецот по мечот предизвикал скандал откако се фатил за половиот орган како одговор на провокациите на навивачите на противничкиот тим.
Ibrahimovic walks off the pitch (for the final time?) With his junk in his hand pic.twitter.com/DY0mveFASV
— Kevin Shockey (@KevinShockey) October 25, 2019
„Не се работи за парите. Имам договор со Галакси уште два месеци. Ќе видиме што че се случи“, изјавил Ибрахимовиќ за „ЕСПН“.
Медиумите изминатите денови пишуваат за интересот на неколку италијански екипи, а шпекулираат се со неговото враќање во Манчестер Јунајтед.
„Ако останам тоа ќе биде добро за МЛС-лигата бидејќи ќе ја гледа целиот свет, доколку заминам никој нема да знае што е МЛС“, изјавил во свој стил поранешниот репрезентативец на Шведска.
Ибрахимовиќ е играч на Галакси од 2018 година, статистиката вели дека постигнал 52 гола на 57 натпревари.