Шведскиот фудбалски интернационалец, Златан Ибрахимовиќ сака кариерата да ја продолжи во италијанската Серија А, а неколку клубови се заинтересирани да го доведат во своите редови.
Швеѓанецот се поврзува со премин во Милан, Рома, Фиорентина, Наполи и Болоња, но италијанските медиуми обелоденија податок дека фудбалерот кој има 38 години барал од новиот клуб месечна плата од 1 милион евра.
Останува да се види дали Швеѓанецот ќе го намали барањето, или пак, ќе се појави клуб кој ќе ги задоволи неговите апетити.
Инаку, постојат информации дека Ибрахимовиќ би можел кариерата да ја продолжи и во Манчестер јунајтед од каде пројавија интерес за негово враќање на „Олд Трафорд.