Легендарниот капитен на Милан, Франко Барези е воодушевен од она што на теренот го прикажува 39-годишниот Златан Ибрахимовиќ. Швеѓанецот го споредил со Холанѓаните, кој во 90-те години од минатиот век му беа соиграчи во Милан.
„Неверојатно е што се може. Што може да им пренесе на соиграчите. Ментално тој како да има 22 години. Ван Бастен и Гулит беа силни личности и беа физички јаки. Ибрахимовиќ го има сето тоа, исто како и тие тој прави разлика на теренот. Физички е префектно подготвен, ментално е силен. Тој е единствениот во тимот кој со сигурност да каже кога е вистинско време тимот да тргне напред“, рекол Барези.
Франко Барези, минатиот месец, беше промовиран во нов потпретседател на Милан.