Top Sport

Ибрахимовиќ: Еднаш го фрлив Гатузо во канта за ѓубре

Фудбалерот на Милан, Златан Инбрахимовиќ, имал видео гостување во емисијата „Че Темпо, че фа“, која се еминитува на италијанската државна телевизија.

Меѓудругото, Ибрахимовиќ говорел и за својот поранешен соиграч од Милан, Џенаро Гатузо.

„Вчера му се јавив на Гатузо, му кажав дека на мојот син треба да му го честита роденденот. Гатузо му е омилен фудбалер. Мојот син ја обожува неговата решителност и и карактер, Рино ова секогаш го имаше на теренот“, рекол Ибрахимовиќ.

„Му кажав: Доколку не му го честиташ роденденот, ќе дојдам во Неапол и тогаш тоа ќе го направиш во живо. Еднаш на глава го пикнав во канта за ѓубре, силен е тој, но секако заврши во кантата“, рекол Ибрахимовиќ.

 

Scroll to Top