Top Sport

Ибрахимовиќ го покажа новото Порше

Златан Ибрахимовиќ сигурно нема да биде во стартниот тим на Манчестер јунајтед за големото дерби со Ливерпул на „Олд Трафорд“, но тоа не значи дека не може да пристигне со стил на тренинзите на „ѓаволите“.

Шведскиот напаѓач го остави своето „старо“ Волво дома, и наместо тоа во Керингтон пристигна со фантастичното ново Порше 911, кое вреди над 200.000 евра.

Ибрахимовиќ се врати на тренинзи пред три недели, но уште се мачи со физичката подготвеност, така што учествуваше само делумно на тренингот на Жозе Мурињо. 36-годишниот Швеѓанец нема играно од крајот на декември, а неодамна Мурињо призна дека тој најверојатно ќе замине на крајот на сезоната.

Scroll to Top