Шведска вечерва ќе ја пречека Италија во првиот бараж-натпревар за пласман на Светското првенство во Русија.
Низ квалификациите двете репрезентации завршија на вторите места во своите групи. Шведска беше зад Франција, а пред Холандија, додека во групата пред Италија заврши Шпанија.
„Италијанци, јас не играм и поради тоа сте фаворити. Да бев и понатаму дел од репрезентацијата, ќе бевме едни од фаворитите за титулата на мундијалот. Но, овој пат Шведска нема притисок и добро е што е тоа така“, изјавил во свој стил Златан Ибрахимовиќ за „Газет дело спорт“.
Инаку, Ибрахимовиќ по завршувањето на Европското првенство во Франција се прости од настапите во репрезентацијата на Шведска.
Натпреварот во Стокхолм ќе започне во 20.45 часот, а реваншот ќе се игра во Италија на 13 ноември.