Top Sport

Ибрахимовиќ ќе му биде ментор – Влаховиќ се сели во Милан

Милан подготвува сериозна понуда за младиот напаѓач на Фиорентина, Душан Влаховиќ. Репрезентативецот на Србија има постигнато 12 голови сезонава, а вниманието на медиумите го привлече со хет-трикот во првото полувреме на натпреварот со Беневенто.

Влаховиќ е поранешен играч на Партизан, неговиот договор со Фиорентина истекува во јуни 2023 година. Шпекулациите во Италија говорат дека тој во летниот преоден рок ќе ја напушти Фиренца. Фиорентина за својот напаѓач бара најмалку 40 милиони евра.

Покрај Милан и Рома покажува интерес за овој фудбалер. Адутот на милан е тренерот Стефано Пиоли, кај кого Влаховиќ дебитираше во Серија А.

Планот на Милан е Влаховиќ една година да учи од Златан Инбрахимовиќ, а кога Швеѓанецот ќе се повлече да ја наследи неговата позиција во нападот.

Scroll to Top