Златан Ибрахимовиќ вели дека на стартот на неговата кариера му било понудено да дојде на „проба“ во Арсенал, но дека тој ја отфрлил таа можност.
Како гостин на „Скај спортс Италија“, играчот на Манчестер јунајтед вели дека кога Арсен Венгер му понудил да дојде на „проба“, тој бил навреден од помислата дека тој треба да оди на „проба“.
„Бев во Лондон на состанок со Венгер, кој побара да барам аудиција за да бидам дел од ’топчиите’. Му кажав дека јас не правам ’проби’ – или ме сакате, или да не губиме време. Веќе имав таква самодоверба иако бев млад. Се сретнав со Венгер бидејќи очекував да ми даде понуди. Но, Ибра не оди на тест“, објаснува Ибрахимовиќ.
Тој додава дека и кога бил помлад верувал дека ќе биде најдобриот, бидејќи кога ги гледал фудбалските легенди знаел дека може да биде над нив.
„Кога бев млад, во мојот ум никој не беше подобар од мене. Го гледав Роналдо, Ромарио и Баџо на ТВ и имав една цел – да бидам подобар од нив. Пораснав со мојот татко и тој жртвуваше многу за да бидеме океј. Нашиот фрижидер никогаш не беше полн. Кога требаше да отидам на младински турнир во Германија, морав да побарам 3.000 круни од мојот татко. Тој ми ги даде парите и не плати станарина следниот месец за да ми ја даде таа шанса“, објаснува Ибрахимовиќ.